Јас на овој начин ги менувам мајките (матиците) на пчелните семејства ,а тоа е и еден од условите на пчелното семејство да не влезе во роидбен нагон (млада матица)

На следниот начин,
- Пчелното семејство го обезматичуваме ,ја вадиме старата матица односно една ноќ е без матица.

- Алат кој ни е потребен: кафез, шекерно тесто и прскалка во кој има сируп кој мириса на маточина или лимун



- треба и да ги знаеме правилата за внесување на матицата во кафезот
овој начин на внесување во кафезот *е погрешен и тука може само матицата да ја повредиме ,немојте никако на овој начин



- Матицата знаеме дека *се стреми да се движи само нагоре, *затоа и отворот на кафезот го поставуваме соодветно за *матицата без проблем да влезе, само треба матицата да се држи за крилца и главата да се пикне во отворот и да се пушти, на овој начин матицата без проблем ке влезе во кафезот



- матицата успешно е внесена во кафезот



- отворот го затворам со шекерно тесто



- кафезот го поставувам во обезматиченото семејство, но за секој случај за приемот да биде сигурен кафезот го премачкувам со медот од обезматиченото семејство што сметам дека е мошне важно, многу важно е и кафезот како ке се постави во семејството за матицата да излезе од кафезот ,значи со отворот нагоре ,никако на срана или отворот да биде доле.

Обезматиченото пчелно семејство го попрскувам со прскаката да мириса на маточина или лимун



- за кратко време пчелите примамени од немачканиот мед на кафезот и шекерното тесто почнуваат со гоштевање a матицата со својот феромон ги опијанува пчелите



- следниот ден матицата е ослободена односно излезена од кафезот



- и проверуваме дека е успешно прифатена



ВАЖНО: матицата се држи за крилца

Поздрав колеги