Прв пролетен преглед на пчелните семејства
Месец Март , 10.03.2013 година , град Скопје ,просечна надморска висина 250 метри ,температура на воздухот 20 степени
Убав пријатен сончев ден , ливадите почнуваат да се будат со своите прекрасни цветови............
http://s5.postimage.org/nozo8m5c3/P1060287.jpg , http://s5.postimage.org/5ap54mt1f/P1060279.jpg , http://s5.postimage.org/i4rsbpvur/P1060283.jpg ,
http://s5.postimage.org/5sovy8803/P1060288.jpg , http://s5.postimage.org/6t2ma0n0j/P1060289.jpg ,
Леската е прецветана........
http://s5.postimage.org/jghx35kzn/P1060479.jpg
Цветањето на врбата е на почеток,а пчелите тоа масовно го искористуваат ......
http://s5.postimage.org/r7gq24cjn/P1060528.jpg http://s5.postimage.org/evdtomooz/P1060539.jpg , http://s5.postimage.org/61ril9r43/P1060544.jpg
Работите околу кроењето на дрвјата се завршени .....
http://s5.postimage.org/rn9wuqb2b/P1060301.jpg , http://s5.postimage.org/xbl9iqlqb/P1060302.jpg , http://s5.postimage.org/tghvg62kj/P1060303.jpg
…а тоа е знак дека можеме да го започнеме првиот пролетен преглед .......
За пчелните семејства да имаат правилен развој, должноста на пчеларот е да го изврши првиот пролетен преглед, како би се утврдила состојбата на пчелните семејства врз основа на што ќе се превземат неопходните работи .
Првиот пролетен преглед се врши кога временските услови го дозволуваат тоа како не би дошло до настинување на леглото .
Работи што треба да ги извршиме и констатираме на првиот пролетен преглед се:
здравствената состојба на пчелните семејства, оценка на нивната јачина ,со колку улици располагаат, колку рамови на легло имаат,залихата на храна ,присутноста на матицата ,каде е концентрирано друштвото ( лево –централен дел- десно ) итн.
Јас ќе се осврнам на мојот начин на работа, односно како го вршам првиот пролетен преглед зависно од условите кој ги дозволува природата и јачината на пчелните семејства.
Прво вршам визуелен преглед на пчелните семејства ,односно ја гледам нивната полеталка и нивното однесување ,односно гледам дали пчелите излетници носат полен, a тоа е знак дека во пчелното семејство има легло , групирањето на пчелите пред летото, значи дека матицата е присутна и со добар феромон, пчелите излетниците имаат одлучен лет и при враќањето во кошницата со директен лет влагаат во отворот што претставува добра особина и нема задржување пред летото, односно летот е одлучен и имаат континуирана работа ............
http://s5.postimage.org/hs0uowuir/P1060308.jpg
На сликата се гледат пчелни семејства кои се зазимени со горно лето односно се гледа дека во пролет масовно го употребуваат горното лето и со директен лет влагаат во отворот ,што е карактеристика за присутност на матица и добри пчелни семејства.....
http://s5.postimage.org/qfdljjrer/P1060304.jpg , http://s5.postimage.org/xrji8gqkj/P1060306.jpg
Една од главните работи во пролет е чистење и дезинфекција на подниците за да се олесни на пчелите да не се задржуват на овие работни активности......
http://s5.postimage.org/z94i0nedf/P1060291.jpg
...... активирање на хигиенска поилка.........
http://s5.postimage.org/5atqidif7/P1060317.jpg , http://s5.postimage.org/3o4zginb7/P1060321.jpg
Но и да ги намамиме пчелите да ја лоцираат поилката ,со што слетувалиштето ке го намачкаме со разблажен мед или ќе посипеме малце шеќер ........
http://s5.postimage.org/nwsd28mmb/P1060324.jpg , http://s5.postimage.org/xilxijds3/P1060325.jpg
Тука ќе направам и еден мал експеримент, така што во друг сад со вода ќе додадам малце сол и шеќер ........
http://s5.postimage.org/l09gwbp8j/P1060323.jpg
По поставување на поилкте за половина час е пристигната првата пчелка.....
http://s5.postimage.org/jq7imwn0j/P1060327.jpg
.... а потоа и втората .......
http://s5.postimage.org/eo3idz0xv/P1060332.jpg
И за два часа пчелите ја лоцираат поилката со вода......
http://s5.postimage.org/i55kgy003/P1060461.jpg
Но што се случува тука.............., се гледа дека на садот во кој додадовме само шеќер нема ниедна пчелка,,,,,
http://s5.postimage.org/ag8q57zib/P1060464.jpg
,а додека кај садот во кој што има сол и шеќер бојот на пчели посетителки постепено се зголемува......
http://s5.postimage.org/krl2xvr7n/P1060463.jpg
И снимка на кој може да видат двата сада .......
http://s5.postimage.org/hto446jk3/P1060462.jpg
Од ова доаѓаме до заклучок дека солта е многу битна за правилен равој на пчелите.
За првиот пролетен преглед е многу важно да се види и внатрешноста на кошницата, односно јачината на друштвото ,на колку улици е пчелното семејство, состојбата со храна ,колку рамки со легло, здравствената состојба, позицираност на семејството ( лево –центар-десно),квалитетот на леглото –шарено легло и др....
За таа цел го отварам друштвото..............
http://s5.postimage.org/dv5ltbwxv/P1060336.jpg
и се гледа дека додадената погача одлично ја земаат, што е прв знак дека се работи за здраво пчелно семејство.
Полека ја вадам погачата......
http://s5.postimage.org/ma7abdj0j/P1060341.jpg
Чистите рамки ,укажуваат на тоа дека пчелното семејство добро ја поминало зимата односно нема знаци на пролив - нозема , семејството правилно е раширено на 7 улици пчела,позицирано во централниот дел и пчелите се мирни, на удар во сандакот пчелите нагло престануваат со бучењето што укажува на присутност на матица...
Да ја погледнеме и состојбата со храна и легло.......
Прва рамка со мед .......
http://s5.postimage.org/mo8maz343/P1060342.jpg
Втората рамка е со мед и малце полен..
http://s5.postimage.org/rbj9qhfur/P1060343.jpg
Третата рамка е со полен и мед....
http://s5.postimage.org/7i75xs2gz/P1060344.jpg
Четвртата рамка има присутно легло ,полен и на задниот дел мед......
http://s5.postimage.org/gehy1pt37/P1060345.jpg
Петата рамка има легло ,полен и мед.........
http://s5.postimage.org/eb7iu1tab/P1060346.jpg
Шестата рамка е со легло ,полен и мед..........
http://s5.postimage.org/4rxu0l5s3/P1060347.jpg
Седмата рамка е со полен и мед, но на внатрешниот дел кај поленот се гледа присутно и легло .......
http://s5.postimage.org/m6i28v2wz/P1060348.jpg
Осмата рамка е со полен и мед....
http://s5.postimage.org/44yxb28w3/P1060349.jpg
Подигнатите рамки се со легло......
http://s5.postimage.org/actlwxw1v/P1060355.jpg
Констатирав дека ова пчелно семејство има 7 улици со пчела и 3 рамки со легло со започнато легло на четвртиот рам,друштвото е правилно распоредено во централниот дел,локацијата на леглото се наоѓа пред летото, леглото е компактно односно нема шарено легло , рамките се чисти, однесувањето на пчелите укажува дека матицата е со добар феромон и присутна.
Овие забелшки ги впишувам во дневникот за водење на евиденција.
По констатирање на состојбата на пчелните семејства ,пристапувам кон работитте кои се неопходни за правилен развој на пчелното семејство ......
Врз основа на условите кои ги диктира природата и состојбата на пчелното семејство со оглед дека внесот на полен во овој период е голем, а со тоа што уште не е расцветана сливата джанка, може да дојде до опасност од блокирање на матицата што може да доведе до спор развој, но и во подоцнесниот период на месец Март може да започне нагонот за роење во кој завршува во месец Мај со излагање на ројот.
За да не дојде до наведените последици, а пчелното семејство да има континуиран развој, а и наведениот показател ме наведува на тоа ...
http://s5.postimage.org/8p3n9rwxv/P1060494.jpg
ќе ја извршам следната операција.......
1. Бидејќи внесот на полен е доста голем ,а со цел да не би дошло до блокирање на матицата ,меѓу рамката со полен и рамката со легло ставам кафеав рам попрскан со шербет во кој има повидон јод.......
http://s5.postimage.org/ayn66sghv/P1060467.jpg,http://s5.postimage.org/l7fncm4jn/P1060365.jpg
2. Од многу битно значење за пчелното семејство во овој период е да биде во режим на стална работа ,затоа на пчелното семејство треба да се изврши стимулативна прихрана, и за таа цел ја вадам крајната рамка со мед ,го отварам медот......
http://s5.postimage.org/vwxxim5qb/P1060363.jpg
.... и ја поставувам на крај ,односно одалечена за една рамка ,овозможуваќи со тоа слободен простор,со што пчелите ќе го повлечат медот односно ќе го искористат како стимулативна исхрана.....
http://s5.postimage.org/9z1gotqpv/P1060427.jpg
откога пчелите ќе го повлеча медот од стимулативната рамка ,оваа рамка подоцна се додава за проширување ,но од дргата страна до леглото.
..... во слободниот простор ја ставам и тест рамката за контрола на работата на пчелите градителки..........
http://s5.postimage.org/drt8tan43/P1060315.jpg, http://s5.postimage.org/wp0lht9xf/P1060367.jpg,http://s5.postimage.org/n5qwocmf7/P1060368.jpg. http://s5.postimage.org/547rqjseb/P1060375.jpg
кој подоцна може да биде искористена како рам за биолошка метода за борба против вароата.
Слободниот простор е многу битен да го осетат пчелите градежници како би се ослободиле од восочните кристалчиња, а кој е еден од условите да не започне роидбениот нагон.
На ова пчелно семејство е извршена и ротација за 180 степени за медот да дојде во положба пред летото, каде што пчелите брзо ке го отклопуваат и ке го пренесуваат на страничните позиции овозможувајќи слободни ќелии во кој матицата ке ги положува јајцата.
Со оваа операција извршивма проширување на леглото, додадовме стимулативна прихрана со мед, овозможен е слободен простор кој е многу битен да го осетат пчелите градежници и многу важно е што пчелиото семејство го доведовме на 7 рамки, не сметајќи ја тест рамката и рамката за стимулативна прихрана.
Во оваа операција е многу важно леглото да не се разделува ,односно да остане компактно.
Покрај овој метод на стимулативна прихрана ,постојат и повеќе начини од кои ќе ги наведеме следните:
1. Давање на цврста храна со погачи и шеќер во кристал
http://s5.postimage.org/dv5ltbwxv/P1060336.jpg
2. Давање на течна храна секој втор ден во по 150-200 мл , во хранилки кои може да бидат со различна литража.
3. Ротирање на телата во овој период за 180 степени ,односно медот да дојде во положба пред летото во кој пчелите брзо ке го отклопуваат и ке го пренесуваат на страничните позиции овозможувајќи слободни ќелии во кој матицата ке ги положува јајцата.
4. Гребење на рамките со мед кој се наоѓа до рамките со легло
http://s5.postimage.org/vwxxim5qb/P1060363.jpg
5. Отварање на медот и поставување зад преградна даска
http://s5.postimage.org/bx84mtj7n/P1060391.jpg
6. Отварање на медот и поставување над поклопна даска со кој пчелите преку отвотот од поклопната даска ќе го повлечат медот...
http://s5.postimage.org/q67r4vxqb/P1050032.jpg,http://s5.postimage.org/vvnzp73wj/P1050033.jpg
7. Ако пчелното семејство е на 2 тела ,поставување на затворени рамки со мед во долниот наставак во средина при што пчелите ќе го качуваат нагоре ( позиција каде што медот е поставен во позиција во кој пчелите не го поднесуваат).
8. Поставување на рамка со отворен мед од горната страна во збегот ..
http://s5.postimage.org/8635e8uwz/P1060403.jpg
9. Поставување на рамка со отворен мед на растојание од 1 рам во кој пчелите ќе го повлечат кон своето гнездо што е применето во овој случај.......
http://s5.postimage.org/wp0lht9xf/P1060367.jpg
9.Стимулација со соино брашно ,помешано со малце шеќер во прав во сад поставен под стреа, 10-20 метра од кошниците .
После извршената работа и заслужен одмор со кафенце......
http://s5.postimage.org/be7mrah6r/P1060311.jpg
И на 23.03.2013 година ,контрола на извршената работа.......
Поставениот тест рам ,пчелите градежници почнуваат да го влечат.......
http://s5.postimg.org/cotc5srr7/P1060611.jpg
Поставената рамка за проширување е нанесена целата со легло од кој на предниот дел е затворено а на задниот дел има дводневни јајца .....
http://s5.postimg.org/9xa2f6t8j/P1060614.jpg,http://s5.postimg.org/5mvejlo5f/P1060617.jpg
Медот од стимулативниот рам е целосно одземен, односно рамот е сув и по потреба може да се стави меѓу поленот и леглото за проширување односно деблокирање на матицата....
http://s5.postimg.org/ydxa6s0ar/P1060622.jpg
Ден 07.04.2013 година
Контрола на развојот на пчелните заедници и контрола на тест рамките.....
http://s5.postimg.org/ngzqa162r/P1060727.jpg,http://s5.postimg.org/i9j8jbev7/P1060730.jpg,http://s5.postimg.org/9aoksjklf/P1060722.jpg
.......се гледа дека пчелите градителки кои се стари од 12-тиот до 18-тиот ден се многу вредни ,односно се ослободиле од своите восочни кристалчиња, а со тоа обезбедиле на матицата да го шири слободно своето легло,а останатите пчели да имаат континуирана работа без застој , што се гледа од сликата......,и се гледа дека тест рамот има трутовски ќелии и е нанесен со легло.......
http://s5.postimg.org/79tftyz2b/P1060732.jpg,http://s5.postimg.org/p19nm63ur/P1060733.jpg
Проверка на уште една пцелна заедница.......
http://s5.postimg.org/w5rgv7b43/P1060734.jpg,http://s5.postimg.org/fvwpekb2b/P1060737.jpg,http://s5.postimg.org/h8eegg8hv/P1060738.jpg
..... се гледа дека трутоските ќелии се занесени со легло ,а ова покажува дека пчелките градителки биле цело време ангажирани во текот на месец Март, кој претставува еден од главните фактори пчелната заедница да не влезе во роев нагон ,но сега тест рамката ќе ни послужи како рам градежник за биолошка борба против вароата што на овој начин може да се уништи 30% од вароата.
Со ова се потврдува дека борбата против роевиот нагон треба да се води уште во месец Март.
Да ја видиме позицијата на тест рамката и јачината со легло....
http://s5.postimg.org/lzngpyg3n/P1060743.jpg
...... се гледа дека тест рамот се наоѓа на крајот, а како втора е рамката со полен на кој се наоѓа легло, од дргата страна го покажувам рамот кој е додаден за проширување и на кој има тродневни јаца, така што ова пчелно семејство е со 9 рамки легло сметајќи го и тест рамот.
Бидејќи пчеларникот ми е одалечен од домот ,поради лошото време кое е неколку дена , а со цел пчелите да имаат постојано континуирана работа, обавезно додавам погача како пчелното семејство не би било без работа.
На основа на наведеното,утврдувам дека ова пчелно семејство е многу јако, а до главната паша има уште многу време, затоа морам да превземам итни мерки да обезбедам пчелната заедница да има постојано работа ,да има работно расположение, а со тоа да не доје во роидбен нагон, затоа следната многу важна операција која треба да се направи е изедначување на пчелните семејства, а како се врши и која е целта на оваа важна операција ,ќе ви покажам покасно.
Преку фотографии можеме да ја видиме и целта на рамот градежник ,а тоа е биолошка метода за борба против ВАРОАТА и спречување пчелното семејство да не добие нагон за роење ......
http://s5.postimg.org/drt8tan43/P1060315.jpg,http://s5.postimg.org/45zoczvyb/P1060312.jpg,http://s5.postimg.org/wp0lht9xf/P1060367.jpg,http://s5.postimg.org/w6lu1fpj7/P1060964.jpg,http://s5.postimg.org/96f6p3rpf/P1060965.jpg,http://s5.postimg.org/491m3zpqb/P1060966.jpg,http://s5.postimg.org/4ypgdgwlf/P1060968.jpg,http://s5.postimg.org/umgi31h4z/P1070030.jpg,http://s5.postimg.org/lspllxu6b/P1070035.jpg,http://s5.postimg.org/qfvnnphj7/P1070036.jpg
Поздрав колеги ви посакувам здравје и успех во пчеларството ...